|
Article in other languages:
|
Вегетаријанство е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови).[1][2] Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Со својот познат слоган „месото е убиство” (англиски „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните. ИсторијаСпоред тврдењето на некои научници, нашите човеколики претци цели 24 милиони години живееле како вегетаријанци, сè до леденото доба, кога човекот за да преживее почнал да јаде и животни. Според Библијата, Адам и Ева во рајот јаделе само овошје. Веродостојните извори велат дека вегетаријанството како начин на исхрана датира од пред неколку илјади години во Индија, каде и останало вообичаен начин на исхрана, најнапред како спиритуална пракса, позната како ахимса (ненасилство). Во Европа, грчкиот филозоф Питагора, кој живеел кон крајот на 6 век п.н.е. бил поборник на вегетаријанството. Во Питагорејските школи не се јадело месо од убиени животни, а целта била да се создадат универзални закони според кои не би смееле да се убиваат живи суштества, ниту да се јаде нивното месо. Во средниот век во Европа честото и секојдневно јадење на месо било симбол за богатство и моќ. Сепак постоеле многу христијански редови кои не практикувале јадење на месо, меѓу кои спаѓаат и богомилите. Во 17 и 18 век, посебно во Велика Британија, за вегетаријанството почнува да се зборува како за исхрана која нуди „здраво тело и здрав дух“. Во 1847 година, овој начин на исхрана го добива своето име „вегетаријанство“ од латинскиот збор vegetus што значи - жив. Таа година, на состанок во англискиот приморски град Рамсгејт е основано Вегетаријанското друштво (Vegetarian Society), кое постои и денес. Во 1880-те години, во Англија постоеле 52 вегетаријански ресторани. Денес вегетаријанството добива сè повеќе приврзаници, а за тоа помагаат и продавниците за здрава храна кои се отвораат ширум светот. Видови вегетаријанциПостојат повеќе видови вегетаријанци:
Референци
Questions for article: |
This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.
IHS Europe: Infrared Heating Systems for Home and Business.