Меиџи период

Article in other languages:

Сацума самураи сликани пред периодот Меиџи кои што се бореле за уривање на класниот, ксенофобички систем

Периодот Меиџи (јапонски: 明治時代 меиџи џидаи, значи - период на Просветено Владеење) траел 45 години од 23 октомври 1868 до 30 јули 1912 за времето на тогашниот јапонски цар - Муцухито.

→ 1868

Пред Меиџи периодот Јапонските цареви немале моќ и едноставно претставувале фигура. Јапонија била регулирана од страна на неколкуте моќни самураи (генерали) со воена диктатура преку кои со векови било одлучено државата да биде изолирана и да нема контакт со надворешниот свет.

1868 →

Со самиот почеток на овој нов период, било решено Јапонија да ги отвори своите граници на светот и да ја започни нејзината модернизација со што брзо се докажала како светска сила.

Политичарите од тоа време донеле 5 главни цели со кои добиле огромна подршка од населението во формирањето на новата влада. Тие биле:

  • Воведување на парламент
  • Вклучување на сите класи во државни работи (без обврска дали од самураиска фамилија или не)
  • Социјална и работна слобода за сите класи
  • Заменување на старите закони и обичаи со нов законски систем
  • Ориентација кон интернационално државно искуство за зајакнување на царството

По периодот Меиџи, започна Периодот Таишоо со новиот цар - Јошихито во 1912.

Questions for article:

This article is from Wikipedia. All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License.


IHS Europe: Infrared Heating Systems for Home and Business.